„101 пратеник сте потпишани овде, сите земате патни трошоци, влезете во салата и работете“, им порача Џафери на пратениците кои правеа „влези-излези“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тензиите во Собранието траеја нешто до пред полноќ. Талат Џафери видно нервозен, им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои правеа „влези-излези“ од Собрание, и бараа Џафери да ја прекине 23-тата седница, и да ја закаже 26-тата.

„Три месеци ме држите тука. Цел ден ми тупите пред медиуми Талат, Талат… Еве ви го Талат тука. 101 пратеник сте потпишани тука, земате патни трошоци. Влезете во салата и работете. Да, одлуката е по завршување на 32-рата, продолжува 36-тата седница. Нема да ти ѕвонам биди сигурен. Ако е ваша волја да не учествувате, тоа е ваша одлука, терајте така. Ќе одговарате пред граѓаните, не пред мене“, рече Џафери.