152 години од раѓањето на Гоце Делчев – ГГ.Стефан: Гоце и комитите се дадоа за слобода, а што даваме ние?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љубовта кон татковината се потврдува само со дела, крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан на  панихидата  во чест на 4-ти февруари – денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Од државниот врв, почит на Делчев му одаде претседателот на државата Стево Пендаровски, претставници од собранието , Владата како и повеќе политички партии и граѓански здруженија.Мирно и достоинствено, но со засилено полициско присуство се  оддбележа овој голем ден во македонската историја. Денеска, на 152-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, се сеќаваме на неговиот историски придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ, напиша Претседателот Пендаровски .Екс премирот Ковачевски ги потенцираше напорите на земјава за Еу интеграциите.

„Ние навистина можеме да бидеме горди што, не само што тој почива во независна македонија, туку во македонија која напредува која е дел од нато и која ќе стане дел од еу. навистина тој и ние може да се гордееме со тоа што го направивме во изминатите децении“, вели Димитар Ковачевски.

Денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, помина достојно, без никакви провокации и инциденти.