16-годишно девојче извлечено од провалија кај Струмица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пожарникарите од Струмица информираат дека вечерва, (понеделник)24.06.2024 година, околу 21.00 часот добиле дојава од ЦУК 112 за паднато 16 годишно девојче во провалија на трим патеката Св.Илија.

На терен излегоа два тима од 7 пожарникари -спасители со алпинистичка и друга опрема.

По интензивна потера која траеше околу 30 минути, заедно со тим од полицајци и тим на брза помош девојчето беше лоцирано во свесна состојба, стабилизирано и извлечено од провалијата и префрлено во Општа болница Струмица.

Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број