20-годишно момче возело по пешачка патека во Градски парк – полицијата го казни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска (22.05.2022) по претходно добиени информации дека околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.

Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.