202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопјеизречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17санкции, 19 мерки затехнички неисправни и нерегистрирани возила, 22за користење на мобилен телефон. Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.