59 здравствени работници од општата болница во Кичево ќе ја примат вакцината против ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Занзибар воведе забрана за голотија на јавните места, казни до 2 000 долари

На остворот Занзибар, на сила стапи забраната за шетање на голи на јавните места, а властите велат дека за...

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Вкупно 59 вработени во Општа болница – Кичево, кои во изминатиот период беа најмногу ангажирани во лекувањето на болните од КОВИД-19, денеска и утре ќе ја примат првата вакцина против КОВИД-19.

Вработените се речиси од сите одделенија од болницата, а првата вакцина против КОВИД- 19 ќе ја примат во модуларниот центар кај Инфективната клиника во Скопје.

-Вакцинацијата на здравствените работници ќе се одвива во наредните два дена, што значи дека по 24-25 лица ќе бидат вакцинирани во еден ден, а по 21 ден овие здравствени работници треба да ја примат и втората вакцина, најави д-р Неџат Балажи, специјалист од кичевската Општа болница.

Балажи појасни дека 59 вработени во болницата, иако се од различни оделенија, сепак, како што рече, овие вработени го понесоа најголемиот товар во корона кризата и поради тоа ќе бидат имунизирани со по две вакцини од „Фајзер“ во период од 21 ден.

-Откако во земјава ќе пристигнат договорените количества вакцини, најверојатно од Кина, „Синофарм“, тогаш и сите преостанати вработени од вкупно 220 од нашата болница, ќе ја примат вакцината против КОВИД-19, истакна Балажи.

За разлика од  Општата болница, од Здраствениот дом засега никој не ја примил вакцината против КОВИД-19.

-Во Здравствениот дом во Кичево досега никој не е вакциниран. Денеска го испративме списокот на  вработени лекари и сестри кои се ангажирани во брза помош, а кога ќе следи вакцинацијата допрва ќе бидеме информирани, рече д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом – Кичево.