Измами во Скопје – барале пари за да им ги спасат ќерката и синот од затвор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 29.09.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 84-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17.30 часот и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор ќе треба да му даде пари.

Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а откако ќерка ѝ дошла дома таа сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вториот случај е исто така пријавен во ПС Аеродром.

На 29.09.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09.15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари.

Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.