АА: Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит, остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме како и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности, велат во соопштение од Алијанса за Албанците.

„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ.

Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти.

Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, велат во соопштението.