Адеми: Дојде време и претседателот да биде Албанец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбер Адеми, пратеникот на ДУИ кажа дека е дојдено времето Северна Македонија да го добие и првиот претседател Албанец, откако земјата доби прв премиер Албанец, министер за внатрешни работи, за одбрана, претседател на Собрание, на Врховен, Уставен и Управен суд.

„После првиот премиер Албанец, првиот вицепремиер, министер за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранител и народниот правобранител, претседатели на Уставен, Врховен и Управен суд, претседатели на фудбалската, боречката и боксерската федерација, дојде време да го отвориме патот и за претседател на државата да биде Албанец“, рече Адеми, повторувајќи го ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека наместо на избори, претседателот на државата да мора да се бира во Собрание со двотретинско и со Бадентерово мнозинство.