Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени.
Тој вели дека доколку нема подготвеност за уставни промени, да се формира народна Влада по изборите.
„Мислам дека нема потреба да се оди во криза бидејќи има решение. Нека земеме сите одговорност, да формираме народна Влада по изборите, ако нема подготвеност од партијата која ќе победи на изборите бидејќи никој не може да знае како ќе бидат изборите на 8 мај и 24 април“, вели Ахмети.