„ДУИ е националното богатство на Албанците во Македонија и е единствена од Струга до Куманово и Ликово“, вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја оцени ДУИ по незадоволството изразено во партијата.
Како што нагласи Ахмети, нормално е да има незадоволство во меѓучовечките односи.
„Денеска зборував за меѓучовечки односи, овие работи мора да се средат, 20 години се занимавам со ова, 20 години комуницирам и се менаџирам со извршната власт и нема извршна власт која не поминала без напади и огорченост“, рече Ахмети
Инаку, Ахмети рече дека за сите нејаснотии, грешки и незадоволства ќе се разговара за да се средат и поправат.