Ахмети: На овие избори се дава можност да се каже „не“ за Русија и „да“ за Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод собирањето на потписите за кандидатурата на Бујар Османи за претседател на државата, кажа дека престојните избори се многу важни и одлучувачки за иднината на Северна Македонија.

„Сакам да им се заблагодарам на сите активни членови на Демократската унија за интеграција, на претседателката на огранокот, на шефот на изборниот штаб на ДУИ за овие многу важни избори за историјата на нашата држава. Денеска во организација на шефот на изборниот штаб започнува многу важeн пат за номинацијата на Бујар Османи за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, тоа е многу силна мобилизација, што ја докажува решеноста на целата ДУИ да ја совлада мисијата за придвижување на процесите, процеси кои носат стабилизација, ориентација дека нашата земја треба да оди напред кон членство во Европската Унија, кон храброста да се заклучат важни прашања кои во моментов ни се претставени како пречка за отворање на нови хоризонти. На нашите мобилизирачки сили, но и на сите прогресивни сили во државата им се дава можност во овие избори кои се одлучувачки за иднината на државата да кажат не за Русија и да за Европа, а оваа можност мора да ја искористиме на претседателските и парламентарните избори на 8-ми мај. Јас сум голем оптимист дека со нашите кадри, сите заедно можеме да бидеме сведоци на оваа силна волја што се материјализираше и во гласањето за успешно одвивање на процесите.“, изјави Ахмети.