Ахмети од Слупчане: ОНА е составен дел од историјата на Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчани, по повод отворањето на спомен-кулата во чест на војниците на ОНА рече дека овој споменик ги обединува народите од Северна Македонија.

Ахмети истакна дека ОНА е составен дел од историјата на Северна Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.

„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. Ослободителната национална армија е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави Ахмети.