Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за РТВ21 рече дека ова е средба на која мора да се направи компромис, но без да се загрози суштината.
Тој го сподели и своето искуство од договорот од 2001 година наречен Охридски мировен договор.
„Ова е средба на која е потребен компромис и нека се направи компромисот без да се загрози суштината. Да не ја видов суштината во 2001 година, туку да видев што вели дел од мислењето, немаше да се постигне договор и не се знаеше во која димензија ќе одат работите“ – изјави Али Ахмети.
На ова модераторот запраша на кого му порачува да направи компромис.
„Мислам дека двете страни се заинтересирани за постигнување договор и не го кријам. Јас како Албанец се залагам дека треба да се постигне договор меѓу српската и косовската страна, а во овој случај не се согласуваат само Албанците од Косово туку и Албанците од балканскиот регион“, порача Ахмети.