Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест за револт кон Јавното обвинителство. Од Синдикатот се жалат на третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 62 млади лица.
Претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов на протестот изјави дека бараат да биде извршен распит на осомнитечните полицајци и да биде јавно објавен, затоа што, како што рече, треба да се види каков однос има Обвинителството кон полицајците.
Ефремов раскажа како еден Обвинител се обратил до полициски службеник.
„Апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на еден од нашите колеги осомничени за кои не е докажана вина со зборовите: „Ако вие бевте невини, требаше да изгорите во трагедијата во Кочани“. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, ќе заврши по затвори“, изјави Ефремов.
