Акциска контрола во угостителски објекти – приведени 62 лица, пронајдена дрога

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации.

Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок. На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик.

реклама

За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност на подрачјето на СВР Струмица, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите на подрачјето на СВР Скопје, за кои се издадени соодветни платни налози.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама