„Ало началниче повеќе нема да има“, вели министерот Тошковски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека со нетрпение чека да почне со работа системот со камерите низ Скопје.

„Невозможно е да се очекува дека ќе почне со целосна функција во јануари 2025, но јас би бил среќен ако имаме целосна функција во текот на 2025 година. Не само да снима и да слика, туку да се изрекуваат и казни и да почне наплатата на налогот“, рече Тошковски.

Тој додаде дека овој систем ќе придонесе да се искоренат јавувањата и ургенциите за поништување на казните.

„Да ставиме крај на „ало началниче, ало министре, ало службениче“, да завршиме или да не завршиме некоја работа. Нема повеќе завршување на работа надвор од системот“, рече Тошковски.