Андоновски: Македонија покажува капацитет за успешно користење европски средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 истакна дека земјата има капацитет да аплицира и успешно да ги реализира европските проекти и средства.

„Има повеќе средства отколку што се искористуваат. Добар пример е годинешното искористување на средствата преку програмата „Еразмус“, каде аплициравме повеќе проекти отколку што Европската Унија обезбедила средства. Тоа покажува дека со текот на времето научивме како да ги аплицираме и користиме средствата“, рече Андоновски.

Тој додаде дека Министерството за дигитална трансформација успешно завршило два проекти со ЕУ и започнува три нови проекти преку ИПА програмата.

„Покажавме капацитет да аплицираме и да ги добиеме проектите, а сега ќе покажеме и дека можеме да ги реализираме. Наследив пет заглавени проекти, од кои четири беа со Европската Унија, кои застанаа поради недостиг на домашен капацитет. Сега го надминуваме тоа“, истакна министерот.