Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на емисијата Клик Плус на ТВ21 информираше дека постапката за избор на трет мобилен оператор е во тек.
Според Андоновски, процесот беше привремено запрен поради локалните избори, но сега повторно се активира.
„Мислам дека ќе има еден понудувач за фреквенциите. Постапката ја води Агенцијата за електронски комуникации, и се надевам дека во скоро време ќе заврши“, рече Андоновски.
Министерот додаде дека компанијата веќе има отворено седиште во земјата и ангажирала квалитетни кадри, што според него ќе помогне процесот да се динамизира во наредниот период.
