Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ нуди алтернативи за надминување на политичките прашања со ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 истакна дека Владата и партијата активно работат на наоѓање решенија за нерешените политички прашања со Европската Унија.

„Од првиот ден нудиме алтернативи и можности како да го надминеме спорот. Ваквиот диктат не можеме да го прифатиме без гаранции дека промените ќе бидат конечни. Нашиот став е јасен уште пред доаѓањето во Владата – сме подготвени да дадеме реални решенија, а не да ги лажеме граѓаните“, рече Андоновски.

Тој додаде дека партијата на сите форуми дискутирала за надминување на проблемите, вклучително и со уставните промени, и истакна дека биле понудени различни опции, како одложување на одредени уставни промени до навлегувањето во ЕУ или барање гаранции од Бугарија за признавање на дел од пресудите на Судот за човекови права во Страсбург.

„Не се работи за пречки, туку за пробив, доколку има слух од другата страна и доколку Европската Унија е вистински заинтересирана за процесот“, нагласи Андоновски.