Директорот на Центарот за управување со кризи доцна вечерва информираше дека целосно е изгаснат пожарот кај Свети Николе.
„Со контрапожар и силна пожртвуваност на пожарникарите од Св. Николе со несебична подршка на едни од најдобрите македонски пожарникари – велешките пожарникари, како и неколку локални доброволци под команда на храбриот командир на ТППЕ Свети Никола, на пожарот монструм во светиниколско вечерва му е зададен последниот удар со што целосно е изгаснат“, напиша Стојанче Ангелов.