Селото Патетино е спасено, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Ангелов изјави дека контрапожарот придонел за спас на селото.
„Со контра пожар е спасено с. Патетино кое се наоѓа на границата на Св Николе со Пробиштип. Храбрите пожарникари со подршка на доброволците пожарникари од Св. Николе воспоставуваат контрола врз преостанатиот крак од овој монструм од пожар“, изјави Ангелов.