Републиканецот Доналд Трамп ја зголеми предноста пред демократот Џо Бајден во трката за Белата куќа, според анкетата на Њујорк Тајмс спроведена по телевизиската дебата на двајцата и објавена денеска.
Оваа национална анкета на јавното мислење сега го става поранешниот републикански претседател шест поени пред неговиот демократски наследник – со 49 проценти кои рекле дека би гласале за Трамп и 43 проценти за Бајден.
Истражувањето покажува дека 74 отсто од испитаниците изразуваат загриженост за возраста на Бајден (81 година).
