Арјанит Хоџа: Убедени сме дека нов градоначалник на Тетово ќе биде Биљал Касами

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, кој истакна дека убедени се дека нов градоначалник на Тетово ќе биде лидерот на Беса, Биљал Касами.

„Движењето Беса влегува консолидирана како партија во изборната кампања. Задоволни сме од досегашните активности. Беса покажа дека може да биде сериозна политичка партија. Ние очекуваме победа во повеќе општини, а најголемата победа ќе ја оствариме во Тетово, и иден градоначалник на Тетово ќе биде Биљал Касами“, порача Хоџа.

Инаку, во студиото покрај Хоџа гостуваат и аналитичарите Арбен Раткоцери и Алберт Муслиу.