Арсовска искрена во #ClickPlus за тоа што ја прели чашата па излезе на говорница и Мицкоски го нарече шпицен градоначалник!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека чашата ја прелило тоа што очекувала поддршка да се бори за чесност, доблесност и против корупција, тоа да биде спротивно.

„Јас немам намера без разлика кои и да се последиците какви ќе бидат нападите, заканите или било што имаат од спротивната страна, да се повлечам. Не сум таква како личност и не дозволувам да некој злоупотреби било што, што е од она кое што сме ветиле дека ќе го правиме, а тоа е да го застапуваме интересот на граѓаните“, вели Арсовска.

Таа рече дека и во иднина како градоначалник ќе работи за доброто на граѓаните.

„Сето она што е во насока на злоупотреба сметам дека треба да се превенира. Тие личности и во самиот почеток на својот мандат потпишаа практично и изјави со кои што отпочнаа со еден процес практично ветинг односно со еден процес со кој што се заветија пред граѓаните дека ќе работат исклучиво во нивниот интерес и дека нема да застапуваат било какви криминални или коруптивни дејанија“, рече Арсовска.

error: Content is protected !!