Арсовска ја прифати иницијативата на ТВ21: Ќе организира кафе со поранешни градоначалници на Град Скопје за размена на идеи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 ја прифати иницијативата и истакна дека ќе организира кафе со поранешните градоначалници на Град Скопје за размена на идеи.

„Градот Скопје колку што е град мој, град на сите скопјани, толку е и град на сите претходни градоначалници. Секој од нив оставил свој белег во она кое што го работел и кое што го дал за скопјани, го вложил за скопјани како проекти кои што се реализирале и сигурна сум дека можат да придонесат со некој совет од времето кое што тие го имале како свој мандат“, рече Арсовска.

Па така во наредниот период се очекува Арсовска да организира кафе со Петре Шилегов, Коце Трајанов, Трифун Костовски, Ристо Пенов…

Целиот разговор погледнете го во продолжение на видеото: