Арсовска: Ќе го реализираме бесплатниот превоз, но кога не можам да кажам, има криза!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бесплатниот автобуски превоз ќе биде реализиран.

Таа додава дека не може да каже кога поради кризата.

„Ние го ветивме бесплатниот јавен превоз и отпочнавме со некои фази на неговата реализација, меѓутоа па и чесно е да кажеме дека толку голема енергетска криза никој од нас не очекуваше дека ќе биде и во овие размери во кои што е“, вели Арсовска.

Градоначалничката додава дека цените на енергенсите, на нафтените деривати се толку високи, што дури тоа што сега го прават е пректично нешто кое го оптоварува буџетот на Градот.