Арсовска побара лица од ВМРО-ДПМНЕ да понесат одговорност: Партијата не смее да биде нечиј заложник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва од дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 побара лица од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да понесат одговорност.

Таа вели дека партијата не смее да биде нечиј заложник.

„Напротив, јас не сум со никого во војна и многу убаво и кажав дента дека сметам дека во таа политичка партија има многу чесни, храбри и добри луѓе и тоа што се случи во изминатиов период верувам дека ги деференцира кои се оние кои што таму треба да си ја понесат својата одговорност за постапките кои што ги преземаат, а тоа во ниту еден случај не е целата партија бидејќи таа не треба да биде нечиј заложник“, вели Арсовска.

error: Content is protected !!