Арсовска: Подолго време немам контакт со Мицкоски и Славески

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека подолго време немала контакт со претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таа вели дека не смета оти нивната комуникација е клучна за испорачување на проектите кои што се во интерес на граѓаните.

„Ние како Град Скопје доставуваме до Советот предлози кои што сметаме дека треба да се реализираат, доколку тие сметаат дека се во насоките во кои треба да биде поддржано, треба да го направат истото“, вели Арсовска.

Целата изјава во продолжение: