Најмалку пет лица загинаа во авионска несреќа во југоисточна Франција, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори и спасувачи.
Несреќата се случила во департманот Изер, на француските Алпи.
Авионот, кој припаѓа на локалниот аероклуб, бил на првиот лет и полетал од аеродромот Верси недалеку од Гренобл.
Откриени се пет целосно јагленисани тела, а засега не се потврдени сомнежите дека меѓу жртвите има и едно дете, јави БФМ ТВ.