Австрија бара од македонската полиција да го провери 19 годишникот кој планирал терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Австриските власти бараат од македонската полиција да го провери 19-годишното момче кое е уапсено откако планирал терористички напад на концертот на познатата пејачка Тејлор Свифт.

Барањето пристигнало до Министерството за внатрешни работи и се однесува за проверка на лице кое е државјанин на Австрија, но има потекло од Македонија.

Од МВР велат дека се постапува по однос на доставеното барање.

Инаку, вчера во Виена беше уапсен 19-годишнииот Мухамед во неговиот дом во градот Терниц во Долна Австрија. При претресот во неговиот дом биле пронајдени хемиски супстанци и технички уреди, кои сега се испитуваат.