Австрија ја продава првата одземена кола поради пребрзо возење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Австрија неодамна се донесе закон дека ако некој вози премногу брзо може да му се одземе автомобилот и да се продаде на лицитација.

Сега беше продадена првото одземено возило. Возачот возел со 153 километри на час, на место каде што било дозволено 80 километри на час.

Станува збор за автомобил Пежо 208. Почетната цена му беше 2000 евра, а на крајот достигна сума од 6800 евра.