Азири: Имаме предуслови за заеднички избори – Меџити: Тоа е желба на Европскиот фронт, далеку сме од парламентарни избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опозицискиот Европски фронт продолжува да ја повторува истата изјава за можни протести. Пратеникот на ЕФ, Елми Азири, во Дејли Клик изјави дека ќе ги искористат сите демократски и законски инструменти согласно Уставот за да се организираат политички и според него за да го заштитат нивното право Албанците да одлучат кој ќе ги застапува во институциите. Пратеникот Азири зборуваше и за дестабилизацијата, при што нагласи дека не постои такво нешто освен во главата на партиите кои се на власт.

ТВ21: Значи се очекуваат и протести?
Азири: Јас во овој момент не можам да потврдам такво нешто бидејќи нема никаква одлука, не е донесена некаква одлука, но реков дека сите средства кои ни се законски на располагање или со Устав, ние ќе ги користиме за реализација на нашата голема цел, која е нашата цел, легитимноста.

Азири соопшти дека како коалиција ќе прават напори со идните локални избори, кои се очекува да се одржат на есен идната година, паралелно да се одржат и предвремени парламентарни избори.

-Неуспех во економијата, внатрешната кохезија, инсталирање на агресивен национализам низ институциите, мислам дека ова се доволни предуслови земјава да оди на предвремени избори што поскоро“, рече Азири.

Но такво нешто од владината коалиција ВРЕДИ поточно вицепремиерот Изет Меџити рече дека е само желба на ЕФ и дека парламентарните избори се далеку.

Меџити: Нивното барање е да дојдеме подоцна…
-Желба или барање?
Меџити: Желба но и барање на локалните избори да се одржат и парламентарните..но тоа е далеку.

Во гостување во Дејли Клик, Елми Азири од АА, крилото на Села, зборуваше за првите 100 дена влада кои според него се 100 дена на лаги и измами. Азири рече дека ниедно предизборно ветување на коалицијата ВРЕДИ не е вклучено во владината програма.