Финска денеска стана членка на НАТО, во напорите на Алијансата да биде „пообедината од кога и да било“ и покрај намерите на Путин „да ги раздели Европа и НАТО“, соопшти денеска американскиот претседател Џо Бајден.
„Во мај 2022 година Финска и Шведска аплицираа за членство на НАТО. Двете земји се силни демократии со многу способни армии кои ги споделуваат нашите вредности и визии за светот“, изјави Бајден.
„Помалку од една година потоа посакуваме добредојде за Финаска – најбрзата ратификација на процесот во современата историја на НАТО. Со нетрпение очекуваме и Шведска да стане членка на НАТО колку што е можно побргу и ги охрабруваме Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација без одложување“, повика американскиот претседател.
„Кога Путин ја започна неговата брутална војна на агресија против народот на Украина, тој мислеше дека може да ја подели Европа и НАТО. Тој погреши. Денеска сме пообединети од кога и да било, и заедно засилени од најновиот сојузник Финска – продолжуваме да ја чуваме трансатлантската безбеднст, да браниме секој сантиметар територија на НАТО и да ги надминеме секои и сите предизвици пред нас“, рече Бајден.