Бараат огревното дрво да поскапи 20% – „Национални шуми“ работат со загуба, граѓаните револтирани од цените

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавното претпријатие „Национални Шуми“ побарало Владата да ја зголеми цената на огревното дрво за 20%, бидејќи, како што тврди заменик директорот Берат Дехари, претпријатието работи  со загуба.

„Веќе побаравме од Владата на Република Северна Македонија да ја зголеми цената на огревното дрво за околу 20%. Дали ќе се одобри или не, не зависи од нас, можеби 20% или помалку, но во моментов работиме со загуба и не сме профитабилни на овој план, поради огромните зголемувања што се направени на глобално ниво“, вели Берат Дехари.

Шумските пожари, се меѓу причините за ова барање.

„Негативни фактори се и пожарите кои се актуелни во летната сезона, поради порастот на температурите“, посочи Берат Дехари.

Граѓаните се револтирани од постојаното поскапување на огревното дрво.

„5 илјади денари за кубен метар дрва“.

  • Дали ова ви изгледа нормално?

„Ова не е нормално. Луѓето не можат да живеат, не дрва 5 илјади денари да купат, само земи секира, сечи во Гази Баба. Цените се превисоки, луѓето не знаат што да пават. Останува само да одиме на депонија, да собереме хартија и да се грееме“.

  • Дали сте ги виделе цените на огревното дрво на пазарот?

„5000 денари“.

  • Дали ова ви изгледа нормално?

„Како нормално? Ова никаде го нема, цените што се тука ги нема во светот“.

„Да, цените се многу високи“.

„Цените се високи, не само на дрвата, туку на се“.

  • Дали ти изгледа нормално?

„Не е нормално, платите на работниците се 300-400 евра. Бидејќи ми го поставивте ова прашање, џабе зборуваме бидејќи не се презема ништо“.

Цените на огревното дрво не се исти во секој град. На пример, во полошкиот регион се поевтини отколку во Скопје.

Фазиле Халили