Array

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна во Собранието

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Барањето за симнување на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, стигна кај претседателот на Собранието Талат Џафери, потврдуваат од неговиот кабинет. Претседателот на Собранието ќе го проследи барањето до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и ќе треба итно да свика седница на која ќе се гласа за барањето на судот.

Трајко Вељаноски вчера ја напушти канцеларијата на судијата бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет, но по барањето на судот очекуваат одземање на мандатот на Вељаноски за да може да му биде изречена мерка притвор како осомничен за 27 април.