Беџети го нарекува Ахмети пријател, но порача и дека цврсто стои на ставот против извршната власт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По средбата со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, Блерим Беџети објави заедничка фотографија со лидерот на интегралците, јавува ТВ21.

Во натписот на фотографијата, Беџети го нарекува Ахмети „пријател“ притоа нагласувајќи дека тој останува цврст во ставот против извршната власт.

„Заедно со претседателот и мој пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт“, напиша Беџети.

Инаку, Беџети претходно изјави дека останува на позициите од отвореното писмо упатено до Ахмети.