„Бегалецот“ Мијалков во куќен притвор со електронска алка, Рускоска се радува што се пријави сам!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час...

Eдноставна техника со која ќе ја ублажите болката кај бремените жени

Како што знаат повеќето жени, последните месеци од бременоста се тешки и болни. Со оглед на тоа што жената...

Доби епитет на бегалец, а сега повторно е само обвинет кој очекува пресуда. Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков од вечерва е во куќен притвор по барање на одделението за гонење на организиран криминал и корупција раководено од Вилма Русковска.

По барање на Мијалков променета е и адресата за издржување на куќниот притвор, и сега таа е во една од неговите куќи на Водно.

Обвинителството пак ја повлече жалбата која ја имаше испратено до Кривичен суд, со која бараа да се одреди мерка притвор за Сашо Мијалков, а не поблага каква што е сега куќен притвор. Обвинителката се радува што го виде Мијалков.

„Искрено, се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави. Тој испрати порака преку други луѓе дека сакал да се пријави и тоа исклучиво во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Јас најпрво се консултирав со јавниот обвинител, дали ние да прифатиме или сепак да се пријави во полиција. Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас и откако е дојден до сега беше обезбедуван од истражителите кои се во истражниот центар“, изјави вечерва обвинителката Вилма Русковска.

Мијалков сега е дома, а на неговата рака има алка за електронски мониторинг. Со тоа се обезбедува електронскиот надзор, мониторинг и извршување на забрана од напуштање на живеалиштето/престојувалиштето на лицето на кое е изречена мерката притвор/затвор како алтернатива на притворот/затворот.