Бектеши: Камен темелникот за коридорот 8 не подоцна од 13 август

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши и економскиот аналитичар Висар Адеми гостуваа вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Запрашан за реализацијата на Коридорот 8, министерот Бектеши рече дека каментемелникот се очекува да биде поставен не подоцна од 13 Август.

Тој рече дека сепак договорот за изградба на Коридор 8 не е направен во четири очи како што се интерпретира во јавноста туку тој бил изгласан во Парламентот како посебен закон.

„Коридорот 8 е многу значаен за развојот и економијата на оваа држава и е врвен приоритет, не знам точно кога ќе биде завршен но изградбата ќе започне не подоцна од 13 Август“, рече Бектеши.