Бектеши кажува кога се очекува да се намали цената на зејтинот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21 рече дека целосното отворање на увозните коридори во Украина ќе овозможи намалување на цената на зејтинот во земјава.

„Тоа зависи од светските пазари и зависи од цените на инпутите како што се сончогледот и нерафинираното масло кои главно се увезуваат од Украина и Бугарија, но мислам дека доколку се отварат сите увозни коридори од Република Украина, тогаш верувам дека цените ќе се стабилизират“, рече Бектеши.