Бектеши на Самитот за Западен Балкан на “Економист“: Издвоивме 1,2 милјарди евра за борба со пандемијата, ја пребродивме кризата според најоптимистичкото сценарио

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Владата на Северна Македонија уште на почетокот на избивањето на Пандемијата пред скоро две години посветено работеше на креирање на интервентни мерки за поддршка на економијата и на граѓаните со цел за максимално намалување на негативните последици од економската криза која што ја зафати целиот свет.Подготвивме мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра или околу 11% од БДП. Овие мерки придонесоа да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5% на крајот на 2020 година.  А доколку не ги спроведевме овие мерки, според нашите проекции БДП би бил за 8,7% понизок во однос на 2019 година, што значи дека марките кои ги донесовме го постигнаа посакуваниот резултат и со тоа ние како Влада постигнавме значаен успех, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“ во организација на лондонскиот “Економист“.

Министерот Бектеши говореше на панелот насловен „Фокусирање на економијата“ каде што се осврна на мерките кои што ги превзема Владата за опоравување на економијата но и зголемување на регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан.