Бектеши: Супермаркети со милионски профити, се жалат за зголемување на минималната плата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 денеска го објави списокот на приходи на супермаркети за 2021 година.

Над 700 милиони евра приходи за 2021 година и над 25 милиони евра профит за само 8 супермаркети.

На оваа тема вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатиравме со министерот за економија Крешник Бектеши, кој вели дека овој список го видел уште пред неколку месеци, а истите бројки му биле како основа за донесување одлука за замрзнување на цените.

„Овој список кои вие како ТВ21 го објавивте денес, јас го имам видено пред неколку месеци, и тие бројки ми беа како основа кога требаше да се донесе одлука за замрзнување на цените за одредени производи. Го видов списокот, и упте еднаш ќе кажам, овие супермаркети кои прават милионски профити, не треба да ги експлоатираат вработените. Не може така“, вели Бектеши.

Министерот посочува дека има маркети кои се казнети со 100.000 евра.

„Дел од тие супермаркети кои се казнети ги има и во вашиот список кој го објавивте како медиум. Дали вие знаете дека кај дел од овие супермаркети 99% од вработените биле пријавени со минимална плата. Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата“, додава Бектеши.