Бектеши за струјата: Помалку ќе плаќаат оние што трошат помалку, а имаат и помали примања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21 најави дека наскоро ќе се воведе новиот модел на тарифа на струјата. Бектеши вели дека со новите тарифи помалку ќе плаќаат граѓаните кои помалку трошат на струја, а имаат помали приходи.

“Ќе воведеме блок-тарифи со единствена цел да имаме тарифа која ќе биде еднаква за сите граѓани во зависност од потрошувачката на граѓаните, но и во зависност од приходите на граѓаните“, рече Бектеши.