Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот без промена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34%, односно бензините поевтинуваат за два денари, а цените на дизелот и мазутот остануваат исти.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 2 денари и ќе чини 85,5 денари/литар.

Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 90 денари/литар, а  Мазутот М-1 НС по 52,786 денари/килограм.

error: Content is protected !!