Без вода утре улицата „Никола Вапцаров“ и дел од „Димитрие Чуповски“ и „Македонија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Без вода утре од 8 часот ќе бидат корисниците од улицата „Никола Вапцаров“, и дел од улиците „Димитрие Чуповски“ и „Македонија“ во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека причината за прекинот на водоснабдувањето е дефектот на затварач (Шибер) од Ф 100мм на улицата „Димитрие Чуповски“, пред Министерство за правда.

Водоснабдувањето ќе е прекинато до санирање на дефектот.