БиХ: Се уште се трага по 10 до 15 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Досега се пронајдени телата на 15 лица на подрачјето на Јабланица и Коњиќ, а се уште трае потрагата по меѓу 10 и 15 исчезнати лица.

„Се уште се трага по 10 до 15 лица“, потврди раководителот на Секторот за односи со јавноста при Владата на ХНЖ, Дарко Јука.

Тој посочи дека е воспоставена патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.

„Сите служби се на терен, 24/7“, рече Јука, додавајќи дека заедно со нив на терен има и околу 300 волонтери, од кои повеќето се во Јабланица.

Апелираше и да не се оди самоиницијативно во погодените подрачја.

Секој што сака да помогне на каков било начин нека се обрати до Оперативниот центар за цивилна заштита“, додаде Јука.

Луѓето кои останаа без покрив над главата беа сместени во локалните хотели и во Домот за стари лица во Јабланица, додека мнозинството најде сместување кај пријатели и роднини во станови и семејни куќи во Јабланица и Коњица.