Битиќи: Нашите стратешки партнери го забележуваат и поддржуваат нашиот прогрес кон Европската Унија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Северна Македонија ја ужива целосната поддршка од Соединетите Американски Држави (САД) во нејзините напори за членство во Европската Унија (ЕУ), и ова јасно беше кажано на средбите што ги имав во САД со претставниците на Одделот за трговија, Одделот за финансии, Светската банка, ММФ, но и Стејт департментот, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Во интервју за Глас на Америка (ВОА) во Вашингтон, Битиќи посочи дека сите до еден нè поддржуваат на патот кон европските интеграции.

-Сите имаат иста констатација дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и не денеска, туку многу порано. На нашите напори кон ЕУ, овде во Вашингтон, се гледа како голем исчекор наспроти другите земји на Западен Балкан, изјави Битиќи.

За вицепремиерот Битиќи, најакутниот предизвик пред кој се наоѓа државата е блокадата за уставните измени, и за ова рече дека нема план Б.

-Северна Македонија нема план Б. Единствен план е интеграција во ЕУ. Подобро порано, отколку покасно. Се надевам дека сите чинители, сите партии ќе се освестат, дека со евентуална техничка измена во Уставот, не ја губиме битката кон одредени наши соседи, потенцира Битиќи.