Битиќи не сака да ја коментира изјавата на Зеќири – „на албански и македонски беше кажано различно“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

„Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог“, вели Фатмир Битиќи.

На овој начин Битиќи одговори на новинарите кои инсистираа на коментар за прозивките од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој во петокот беше осуден на двеипол годишна затворска казна за злоупотреба на положбата.

реклама

A, што точно изјави Зеќири откако ја слушна пресудата, прво на македонски јазик.

„Секако дека преку адвикатскиот тим ќе ја обжалиме одлуката, бидејќи во целиот процес, никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, јас само сум спровел умисла на други, односно од Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“, вели Мухамед Зеќири.

реклама

Потоа и на албански јазик.

„Секако, одлуката на Судот ќе ја обжалиме преку адвокати и сметаме дека во ниту еден момент од судскиот процес не е докажано предумисла во извршувањето на делото што ми се става на товар, бидејќи сум го извршил и постапил врз основа на туѓа предумисла, во овој случај на Владата, која побара од мене да ги потпишам договорите што се потпишани“, вели Мухамед Зеќири.

реклама

Битиќи сепак вели дека никогаш во ниту еден заклучок или задолжение што ги носи Владата, не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе.

„Владата во април 2021 има донесено заклучок со кој што го задолжува генералниот секретаријат да ги спроведе сите законски постапки во однос на ангажирање на консултантски фирми за физибилити студии за Македонски пошти и Железници и транспорт. И таму завршува тоа што Владата го има направено, како што сите други заклучоци и задолженија ги носи Владата, министерствата и службите треба да ги спроведат, таму никогаш, во ниту еден заклуќок и задолжение не се укажува на постапката или начинот на кој што треба да се спроведе“, вели Фатмир Битиќи.

Инаку, поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Tој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи. Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири. Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама