Битолчанец дома чувал 14 пакувања хероин и други дроги – полицијата го уапси

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода В. М. (26) од Битола, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 пакувања хероин, повеќе различни видови таблетки, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.

Од МВР информираат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.