Благоја Тоска 8 месеци без семафори – општината постојано вели дека наскоро ќе се постават

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова распишаниот тендер од општина Тетово за поставување семафори на раскрсницата меѓу булеварот Благоја Тоска и улицата 29 Ноември.

„На 9 февруари заврши тендерот за поставување семафори на овој булевар, но до денеска на оваа локација се поставени само 4 железни столба“, вели репортерот на ТВ21.

Од општина Тетово ни рекоа дека поставувањето на семафорите ќе започне утре, а додаваат дека се ангажираат овој проект да заврши што поскоро.

„Што се однесува до секундарните семафори, работите се очекува да завршат во наредните денови. Доцнењето на постапката е резултат на различни фактори, вклучително и компликации во планирањето на инфраструктурата и административните процедури. Посветени сме овој проект да го завршиме што е можно поскоро за да обезбедиме безбедност во сообраќајот во оваа област“, велат од општината.

Но ова не е прв пат општината да ветува дека работите ќе започнат наскоро.

„Тендерската постапка кај „Благоја Тоска“ е завршена, фирма која ќе ја спроведе е Електрософт, каде минатата недела имаше состанок на кој беше одлучено кон крајот на месецот да започне со работа и се работи за постапка за што потребно  време од 5-6 месеци и за тоа тие се единствените во РСМ што ги реализира овие проекти, така што веруваме дека во прашање се денови  кога ќе почне да се работи на булеварот „Благоја Тоска“ вели Бесарта Рамадани.

Бесарта Рамадани: Оваа недела ќе се започне со подготовки за поставување на столбовите и верувам дека тоа ќе биде многу брзо и брзо ќе бидат поставени семафори.

-Кога поточно?

– Верувам дека многу проекти ќе бидат завршени во рок од две-три недели.

Кога булеварот „Благоја Тоска“ беше пуштен во употреба, улицата „29 Ноември“ од приоритетна улица стана споредна , поради што се случија многу сообраќајни несреќи.